погледне (гл.) - ги (зам.)

„Интересно е колку владите, не само тука, туку насекаде во светот, се неспособни да ги запрат луѓето отворено да користат огромни количини недозволени дроги“, вели тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Погледнете ги Шел протестите, протестантите по патиштата, ДИЅ културата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш момчето се сврте. Ме препозна и ми побара автограм и ми додаде хартиена кеса од English Clothes Boutique Countdown да се потпишам на неа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога свртевме на Гринвич Авенијата, каде неколку жигола стоеја потпрени на ѕидот, ја видовме оваа плавуша како ја фрла главата наназад и вели, доволно гласно за овие педери на глуварење да ја чујат: „Ох, погледни ги само тие Green Witches!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го прашав што има внатре.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Погледнете ги оние мрсулави студенти од приватните колеџи кои не знаат ни врвци од кондури да заврзат, а треба да бидат движечка сила во општеството.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Скот: Би ти советувал блага насмевка, Ритон. А потоа суровост. Погледни, ма погледни ги само!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На трупот се напишани зборовите: Моето име е Ozymandias, Крал над Кралевите: Погледни ги моите дела, ти Моќнику, И очајувај! што очигледно имале сосема поинакво значење во нивниот првобитен контекст. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние значи не наоѓаме ништо што засновува значење; само уште зборови (тоа И тоа).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е сѐ што останало од некогаш големото царство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Ако сакате да знаете сѐ за Енди Ворхол” кажа тој 1968-та, “погледнете ги моите слики и фил­мо­ви, погледнете ме мене, и ете.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова, претпоставуваме, не е точно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто како и сликите, неговата автобиогра­фија е полна само со факти, ослободена од било какво откровение.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Погледнете ги само одличијата што им го красат Сонот на пофалените граѓани: Перо од крило на тропска птица; Рачка од слонова коска; Заб од вепар; опаш од сребрена лисица. (А од долапите љубоморно тропаат, Похвалниците, медалите, ордените) Кога се во прашање поразите, Никако да ги откриеме патеките што водат до нив (Или ќе се повикуваме на недоодни лавиринти?)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но, тоа боли: погледнете ги сликите на средновековните мартири: какви физикални маки, крв, какви гримаси на бол.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Погледни ги шините. Поголемиот пар е чист. Тоа возовите го прават.“ Тој посочи кон пругата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 169
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Инаку би биле покриени со рѓа.“ „Што ако возот наидеше сега, додека преминувавме?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Има носечки греди на секои дваесет стапки.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Да, вистинско орлово гнездо! - одврати Рада - Погледни ги долу луѓето и ќе сфатиш колку сме блиску до облаците.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Види, види! Погледни ги овие провинцијалки! Како да залутале тука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Погледни ги луѓено. Спијат на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лекот ни е в раце. И што потаму?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледнете ги куките на грабливците, тие смртоносни чешли кои целото тело на животното го претвораат во челуст, или осамените и масивни нокти на коњот, чија концизност сведочи за исклучителната но усовршена намена на трчањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Погледнете ги ѕвездите! Тие се засекогаш недостижни за нас.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледни ги добро лицата на другариве пред да заминеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Да. Погледни ги дрвјата“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Погледни ги птиците, погледни ги птиците!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И погледни ги облацине. Горе нив ги дува ветрот, ги кошка де тука де таму, а тие некаде на друго место се појавуваат, натежнуваат, грмнуваат, пак ги снемува и пак се појавуваат некаде на друго место, некаде над друго поле, над други планини над други шуми...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одете, погледнете ги.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Погледни ги колку се убави! Ги гледаме хризантемите, и како првпат да ги гледаме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)