погледне (гл.) - го (зам.)

Насетувам што мисли му се ројат во главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не гледајте кришум, слободно свртете се и погледнете го убаво; тој и онака нема да ве забележи, како што, онака стивнат и повлечен во себе, и него, кутриот, никој одамна не го забележува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
-Погледни го оној рид – покажа старецот кон ридот. – Тој е голем, но сенката што паѓа под него, создадена под влијание на сонцето, е шестпати подолга од него.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Далтон ќе рече, „Дојди погледни го ова.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не можам, го хранам бебето,“ ќе одговори таа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Остави го за секунда,“ тој ќе рече. „Ова мора да го видиш.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби в зима ќе ѝ биде потребно на Амалија.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Погледни го – полураспаднато е. Не знаев зошто го зедов овде со себе, но сега знам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Душка! Погледни го оној со брадата. Нели ти личи на Томо? Или ме лажат очите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Погледни го каков е, жити лебов. Тоа беше Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледај го каков ти е, погледни го само.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, од такви болештини се поцрнувало, тоа можел секој да го знае, и тука не помага билје, таков лиснат или цветен лек не никнува од земјата, ракијата и лукот ѝ се смрт на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Погледни го пријателон, покажал со очи Онисифор Проказник кон постариот тревар. - Поцрнува. Или се лажам, а?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сигурен ли си?“ му викна бегот. „Погледни го убаво ако бараш дерман.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Неговото чело - погледнете го! Го гледале тоа чело и можеле да го видат она што го виделе пред тоа: на засечената жила лежел црн дукат на мртво месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не исправајќи се, избезумен од надеж дека го дочекал мигот во кој ќе се прости од маките, голиот поп без двоумење покажа со рака кон домаќинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа го знаеле старците, оние што верувале во прикаските донесени од Брсјаците и Мијаците со доселувањето нивно на престариот камен во оваа земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Заборавајќи дека е тој незадржлив смејач, му реков: - Смок, погледни го татенцето!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Види, Кетрин! Погледни го цвеќено. Онаа китка долу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ОК, слушајте! Погледнете го човекот од феудализмот: немал поим дека живее на планета полна со природни ресурси, како што се фосилните горива, коишто ги движат машините, коишто создаваат уште покомплексни машини, коишто произведуваат хемиска- електрична енергија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Убаво погледни го во лицето, во очите, па ќе видиш колку не си во право - продолжуваше упорно Лиле.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сакаш да мудруваш, сакаш да судиш но не си ни судија, а ниту Бог ти си само еден бездарник валкан и мизерен душегрижник без душа Погледни ја бесрамнику својата вина погледни го трулежот од лагата во себе погледни ја душата што тоне во празнина проклето да биде твоето семе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Погледнете го јаболкото додека не е начнато а потоа утврдете на што ќе заличи откако ќе бидат сторени спомнатите касаи – ми објасни Никола Леко алудирајќи на потребата да се користи здравиот разум.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Погледнете го сега. Нашето село го престориле празен пејзаж.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Глејте, погледнете го, се насмеа тој со разбирање кон присутните.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Не, ова не е мој текст – реков – некој го вметнал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А твојата посета кај него од минатата недела? Еве, прочитај и самиот – Грофот ми го подаде спомнатиот преглед. – Погледни го наведеното!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постои еден таков список. Или, поточно, дел од него. Кога си слободен погледни го.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам кој му ги доверил на татко ти тие ливчиња и со каква цел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа се првите три страници од некогашната тетратка на Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но некогаш тоа ќе упали, погледни го на пример воведот во првиот дел од овој темат во МАРГИНА, или, на пример, во воведот на тематов од претходната МАРГИНА.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не верувам дека тоа е оспособувачки. Тоа може да биде така само во негативна смисла.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Погледнете го развојот на психијатријата. Тој се состои во дефинирањето на сѐ поголем број аспекти од секојдневниот живот како предмети на психијатријата сѐ додека секој аспект не стане потенцијален објект на психијатриски третман.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Боже, да! Потполно сте во право.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само погледнете го ова! (Леинџ ми додава една копија од DSM-III и ми покажува еден подолг разговор на пациент со психијатар.) Говорот на пациентот не е баш секогаш граматички правилен, но и вие новинарите често се користите со магнетофон па колку само неразбирливи или бесмислени реченици морате да отфрлите од лентата!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овде тоа е претставено како парадигма за длабочината на шизофреното ментално заболување!  Имам впечаток дека пациентот дава сосем добар одговор на прашањето зошто луѓето веруваат во Бога.  Би ми била чест и самиот да можам да дадам таков одговор!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Внимателно погледнете го оној фрижидер! – рече Т.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ете, погледнете го нашиот комесар на четата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не, не. Тоа не треба да умре. Погледни го само колку е нежно и мило. И колку е малечко - како ракавица...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)