погледне (гл.) - ме (зам.)

Ова, претпоставуваме, не е точно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто како и сликите, неговата автобиогра­фија е полна само со факти, ослободена од било какво откровение.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Ако сакате да знаете сѐ за Енди Ворхол” кажа тој 1968-та, “погледнете ги моите слики и фил­мо­ви, погледнете ме мене, и ете.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Мислеше да ме измамиш“, рече тој. „Тоа ти беше глупаво. Застани поисправено. Погледни ме в лице.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледни ме, не обвинувај ме. Дозволи ми да ти покажам како е да мразиш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На Караман Атанас му се придружуваат уште неколку машки играчи следејќи ја индивидуалната игра негова.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КАРАМАН АТАНАС: (Зад кулисите) Вино, вино ли се твоите очи! Погледна ме, опија ме! (На сцената). За цела недела пијан одам, а за месец мамурлија!..
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЉУБА: Аљоша, погледни ме в очи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тој мисли дека некој ќе го чита ова срање!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Погледни ме, Дики! Гледаш херој!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Погледни ме добро, пред да ме чуеш. Јасно ти е: не изгледам како човек што лаже, не сум расипник, не ја расфрлувам својата чест.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)