погледне (гл.) - в (предл.)

Има ли овде граѓанска храброст на ова изопачено народњаштво да му се погледне в очи и да му се каже она што му припаѓа?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Голтна и ја погледна в очи. - Малку е - рече - ама најслатко лепче што сум го јал досега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога еднаш се најдоа во кругот од младите фиданки, таа се сврте и го погледна в лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали да замижам на вистината, или да ѝ погледнам в очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја погледнав в очи: - Кој е нашиот Бог, Мајко? - Богот на сите луѓе, сине!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И таа во мигот, небаре со повратена гордост ме погледна в очи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се исправи и ја погледна в очи. „Прими ме!“ ѝ рече.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ебеш му матер, стари... Се случи“, промрморе брат му, без да ги погледне в очи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А логотетот пребледе и се фати за срцето. И сите, освен Лествичникот, погледнаа в земја. Логотетот не можеше да земе воздух од изненадување; личеше како да ќе го удри кап. Побара чаша вода, за да се соземе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Другиот, човек на кого немал прилика да му погледне в очи и да го прими како пријател или да го заборави доколку не го намрази, веќе и не се држи за својот несреќен носач. Олабавен е и не се согласува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога би бил на нивно место тој сигурно не би можел да погледне в очи на човека и целото време би молчел, но кај нив тоа беше вакво и тој тука не може да измени ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ако те погледне в очи ќе ја види мојата лика и ќе се препознаете.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Те погледнав в очи на местото каде бистар кладенец правеше вирче. Од каршија тркалото водата ја точи, а стариот твој од една тревка правеше свирче. 1998
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Оние од џипот се погледнаа в очи и високиот праша: - А ова што е, пак? - Песна, - рече шоферот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Чекај бе! - викаше човечето отстапувајќи чекор два за да може да го погледне в очи Чауле без да ја крева многу главата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаат да го видат не само учинокот туку и последиците од своето несмасното однесување).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(Има такви луѓе: ќе ти надробат поединости за чии последици и не помислуваат а дури потоа ќе те погледнат в очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- На Господ му го велиш ова или на мене?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја гледав како плаче, како плаче по мене и ја посматрав тенката скрама од пластика што виси на неа и, прифатив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја фатив за рамениците, ѝ ја подигнав главата и ја натерав да ме погледне в очи. „Чист сум, верувај ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа го сврте погледот. „Направи го тоа за мене“, рече со најтенкото гласче, „ако навистина ме сакаш.“ На крај прифатив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)