погледне (гл.) - внимателно (прил.)

Гледаш? Има иста таква ѕвезда и иста таква птица, ама погледни внимателно и ќе забележиш дека воопшто не се исти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Боге од Бањи го носи сандакот - јавуваше Даскалов. -Сега можеш да ја запалиш големата свеќа. Погледнав повнимателно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го погледна внимателно новиот каталог на Ла Ринашенте, со додатокот за пролетната мода на 1949 година и ни рече: – Идат, сигурно идат подобри денови на Балканот... Ја гушна и ја бакна Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)