погледне (гл.) - долу (прил.)

Џорџ Смит погледна долу во песокот и откако долго гледаше таму, започна да трепери.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И јас кога еднаш одамна , во мојот поранешен живот, се качив на Водно и погледнав долу кон градот, не можев да здогледам ниту една од моите грижи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше околу шест часот попладнето. Го кренав капакот и погледнав долу. Ништо не блесна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пандо се оптегнува, погледнува долу и, кога забележува како се редат пред казаните, оди во својата барака, ја зема лименката од конзерва што виси на гредата и, нишајќи се, застанува во редот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Местото се вика Превалот и нужно тера да застанеш и да погледнеш долу каде во прстенот на околните планини се легнати двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со бавни чекори тој дојде до ниското камено ѕитче на кејот, крај споменикот, и погледна долу во реката по која играа светлини од сијалиците на мостовите и околните куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)