погледне (гл.) - еднаш (прил.)

Луис Адамиќ, по повод говорот на Черчил, на ручекот на Редакцијата на весникот „Њујорк Хералд трибјун“, одржан на 7 март 1944 година, апелирал до американските новинари и до политичката јавност да ѝ се погледне еднаш на вистината в очи, бидејќи и самиот тој, како Американец, повеќе бил загрижен за Америка што нема доволно сили за да престане да „игра на картата на европската реакција“ и што Американците „не се веќе далековиди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Замерувајќи им на американските новинари што речиси сите "Титовите партизани ги нарекуваат комунисти", Луис Адамиќ ќе истакне: "Значи ли дека и Черчил е комунист, зашто на роденденот на Вашингтон, т.е. пред една недела, се изразуваше за Тито многу воодушевено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дали ќе погледне еднаш и Горачинов, дали ќе ме види како јас што го гледам?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Маргарита не ме погледна повторно во прозорецот но тоа токму и го докажува контактот, неговиот таинствен пулс; Ана можеби е срамежлива или едноставно ѝ изгледа бесмислено да го прифати одблесокот на тоа лице кое пак ќе се насмее за Маргарита, а освен тоа важно е да се стигне до Сен-Силпис бидејќи ако до крајот има уште осум станици на линијата Порт д Орлеан, само три се спојуваат со други линии па само доколку Ана се симне на една од тие три станици мене ми останува можноста да се поклопиме; кога возот почна да забавува пред Сен-Силпис погледнав еднаш па уште еднаш во насоката на Маргарита барајќи ги очите кои Ана сè уште меко ги потпираше врз работите од вагонот како да се согласува со тоа Маргарита веќе и да не ме погледне, со тоа дека залудно е пак да се очекува таа повторно да го гледа одблесокот кој ја чека за да ѝ се насмевне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)