погледне (гл.) - како (прил.)

Ристе ме погледна како првпат да ја слушнал порачката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Како да го видам блесокот? – праша Еразмо. -Погледни како свети бакарниот сјај на перјата на птицата – рече старецот, покажувајќи кон пердувите на Еразмовиот припитомен јастреб.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- А рековме, покојницата била за цела глава пониска од тебе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, којзнае кој ѓавол ќе им влезеше в глава, ќе се погледнеа како затвореници разделени со јаки железни шипки и со олкави солзи, ќе се изнаплачеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А што? . . . – победоносно ме погледна како девојчето што некогаш ме држеше во неизвесност пред крајот на приказната. – Лузна. Белузникава, долга лузна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)