погледне (гл.) - надвор (прил.)

Ќе им отвориш и ќе ги внесеш во другата одаја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оди до вратата, погледнува надвор.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Гоце се наведна над прозорецот и погледна надвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Домаќинот како попарен скокна, го отвори прозорецот и погледна надвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Само што погледна надвор од градите му се истргна весел извик: - Иииј!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Рипнав од креветот, погледнав надвор, а таму - некое влакнесто животно, со израсток над муцката, ја брсти тревата во дворот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)