погледне (гл.) - назад (прил.)

Бимбашијата, којшто сето внимание беше го насочил кон сражението со Златков и Железаров, кога ги чу овие залпови просто се избезуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Турците, зафатени со сражението, не се сетија да погледнат назад и да видат што иде зад нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа ќе го натера нашиот народ и неговата интелигенција да погледнат назад на своите слабости од коишто произлезе неуспехот на Востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зборуваа за лотаријата. Откако ги одмина триесетина метри, Винстон погледна назад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога одмина педесет метри, погледна назад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаа време да погледнат назад, Србин се прибра и со последни сили полека ја вртеше матарката додека камчето со лизгање не испадна однатре.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не се сврти да погледне назад, сега кога, како што почна да мусе чини, си го затвори себеси и патот напред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Татко ми погледнал назад, мене ме немало, само веленцето празно како лушпа. бргу се симнал од коњот и ѝ рекол на сестра ми која имала шест–седум години: „Борке, седи ти тука, јас да видам каде паднала Милка“.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Жената од портретот му се смешкаше спокојно и таинствено на Том и тој повторно погледна назад кон неа, а срцето му чукаше како некаква музика што ечеше во неговите уши. „Таа е прекрасна“, рече.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)