погледне (гл.) - наоколу (прил.)

Старичката погледна наоколу и кога виде дека никој не ја гледа, прошепоти: - Дојди, дојди, наведни се, баба да ти кажи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под дланката чувстува топлина. - Гори, има оган... - повтори и немоќно погледна наоколу.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Поткашлувајќи значајно, старата чавка погледнува наоколу и одеднаш забележува дека детето го снемало: - Каде е?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Додека Тејлор висеше на него, типот извади нож.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никој не се помести, сите беа премногу исплашени за да направат било што, освен, секако, Пол, кој веднаш почна да му зборува на типот дека полицијата ќе дојде веднаш бидејќи сигурно го чуле истрелот, но типот му одговори дека му е сеедно и дека нема да си оди додека не ги собере своите 500 долари - а тогаш погледна наоколу и рече дека ќе ја понесе филмската опрема и еден заложник.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Одненадеж, Тејлор скокна врз него. („Имав впечаток дека скокам на челична статуа. Толку беше јак“, ми рече подоцна Тејлор).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас погледнав наоколу: во дното од ходникот имаше една врата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Погледна наоколу и сфати дека не сонува, туку оти заспала на цветот во градината.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тој ја потфати за раката, ја приближи до себе, а таа малку уплашено погледна наоколу, некој да не ги гледа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)