погледне (гл.) - онаму (прил.)

- Погледни онаму, чади - покажа преведувачот. - Одиме да видиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледнав онаму кон каде што замина толпата, кон самиот плоштад Сан Марко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот од плоштадот една жена седеше на плочникот; едната рака ја имаше испружено за просење, со другата рака придржуваше дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)