погледне (гл.) - подобро (прил.)

Подзамижи и погледни подобро: не седум, туку 77 џуџиња, кое од кое помало.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
IX. Беше една друга врата во внатрешниот ѕид од собичката, кон која водеше еден широк премин, и за која, ако се погледне подобро, и како да постоеше таа собичка; една врата, на која ѝ беше подредено всушност сѐ во живеалиштето, и Змејко полека се доближи до неа и ја отвори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лево горе за момент не се слушаше удирањето на казмата. Кога погледнав подобро натаму, ги видов рацете на Јована како се подаваат меѓу гранките на сливите магарешки и пофаќаат од крупните плодови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)