погледне (гл.) - право (прил.)

При седнувањето судијката ме погледна право в очи, речиси во исто време кога адвокатот ми се доближи до увото и ми шепна нешто неразбирливо.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека се враќаа назад преку тревата, таа за првпат погледна право во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Толку искрено го постави прашањето и ме погледна право в очи што не можев да скријам. А и немав зошто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред да ѝ одговорам, бев веќе сосема сигурна дека одговорот е потврден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Им го гледам само тилот, Ама, одејќи така, еден од крајот на редот се сопна и, паѓајќи ме погледна право в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка го погледна право в очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го погледна право в очи Гури Порадеци и му рече: – Ти благодарам, побратиме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме погледна право в очи, сакајќи нешто значајно да ми каже во текот на патувањето, но не наоѓал погоден момент.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)