погодува (гл.) - дека (сврз.)

Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Патем погодуваше дека повикот е бездруго во врска со синот, па ги вртеше во главата сите можности што можеле да се случат - од притвор заради тепачка до земање дрога на јавно место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ впиваше Бошко што гледаше и слушаше, ама никој не погодуваше дека од чаршијата тој скришум се измолкнува, и без никој да знае, оди на пазарот за робје.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ѓулсиме погодуваше дека тој сепак е обземен од нешто.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)