погрижи (гл.) - за (предл.)

Објаснето им е дека тоа е поради нивна вина и заради ненаплатата на извршените услуги, па дури од страна на работниците е барано и самите тие, лично да се погрижат за наплатата на испорачаната топлинска енергија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Намалувањето на платите и неисплаќањето 229 на додатоците е извршено спротивно на склучените договори, а за тоа вработените никогаш не дадоа согласност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ЉУБА: Како не! Напротив: јас сега ќе се погрижам за тортата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова и слични дејствија, заедно со наративната структура која се измолкнува од сите конвенции на раскажување, се погрижија за тоа околу Burroughs одамна да се разидуваат мислењата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)