подига (гл.) - глава (имн.)

Едниот со мака ја подига главата, па мрзливо процедува: „откако ти пес во онаа турканица“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја подига главата и со сè уште бистар поглед на седумдесет и петгодишна Русинка рентгенски заклучува: - И вот, Рускаја скаска. Очен поучетељна. Let it be!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А од оваа страна, постоењата се измолкнуваат од контрола, малцинствата непрекинато воскреснуваат и ја подигаат главата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Регент ја подига главата и ме погледнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја подига главата, стресувајќи ги навредливостите, од палавштините на Јужниот сосед...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
САВЕТКА: (која скришно од време на време ја подига главата и ја гледа што прави и се сретнува погледот со Антица).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Каков што беше татко ти – сега клекната, девојката ја подига главата на момчето во своето крило, му ја мрси косата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)