подигрува (гл.) - со (предл.)

Си бае така Горачинов, се подигрува со мене, а јас мислам на друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашата коза го прифати погледот на Сталин, започна да подигрува со опашот, сакаше да се ослободи од јажето со кое ја држевме врзана околу вратот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го исклучував тонот и склопчена на каучот ги гледав Индијките како ги отвораат устите во облик на буквата О, ги збрчкуваат веѓите во облик на буквата V, се подигруваат со своите црни плетенки, ги камшикуваат Индијците со своите страсни погледи, забрзано дишејќи и гледајќи накосо, како зајаци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)