подлетне (гл.) - во (предл.)

Свеќите страшно потпукнуваат, само што не се изгаснале од силниот, студен ветар, страниците страшно шуштат, и како што дува ветрот, така буквите од писанијата испаѓаат од страниците, подлетнуваат во воздух, а ветерот ги позема и ги носи угоре, го крева покривот од црквата и ги развејува по небото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И додека плачев над празните сочиненија, ветрот се стори кикот и ми рече: “ Така ти било пишано, Лаврентиј :едно друго време да видиш, и други народи, и други луѓе што со туѓи букви ќе ги сочинат твоите празни книги, други имиња на нештата што ќе им дадат, а ќе им ги заборават вистинските, природните.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А потем сите книги останаа празни, без ниедно слово во нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)