подложи (гл.) - воен (прид.)

Најпосле, моралната агонија на која невиниот Били го подложуваат воениот суд и следователната осуда само служи за да додаде нова, скокотлива и потресна димензија на неговото дотогашно совршенство како телесен објект: „ретката лична убавина на младиот морјанин“ се „продуховила сега преку последниве толку жално длабоки искуства“ (375). ‌Тоа зачеточно продуховување на Билиевата прекрасна плот им нуди на вљубениците во него глетка премногу восхитувачка за да ја прекинат ставајќи му крај на неговото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и бродскиот капелан ја користи ранливоста на Били ноќта пред неговото погубување за да го бакне по образот, но не му ни паѓа на ум да се обиде да го спаси згодниот морнар од ништење: „доблесниот маж ни со прст не мрдна да ја смени злокобата на онаквиот маченик на воената дисциплина“ (373).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)