поднесе (гл.) - извештај (имн.)

И тој мора да поднесе извештај за моето однесување во арената.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Морав да поднесам извештај, да ги предадам примероците од речната, езерската и морската фауна, со сознанијата за нивниот опстанок и еволуцијата во новиот канал.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Филип и Теми, одговорни за следење на дописката со училишни еко-секции од други градови, поднесоа извештај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оти околу чаирот има мезра на Мехмед-паша, и како што е редно, за секое место што се дели треба да се издаде хуџет и да се поднесе извештај”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
При секое среќавање во ресторанот, Трајче доаѓаше кај авторот да му поднесе извештај како денеска се распрашувал за Еда Бранов, но конечно сепак малку корисни информации му носеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)