поднесе (гл.) - во (предл.)

„Ништо поодвратно од тоа не сум поднел во животот“, раскажува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа храна го крева човека, ги гони сите болести, а помага, жегата да се поднесе во лето!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со негова помош јас изјавата ја напишав во неговата канцеларија и потоа ја поднесов во архивата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тек е подготовка на уште минимум десетина претставки кои би требало да бидат поднесени во текот на оваа година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, приватен тужител е лице кое поднело приватна тужба заради гонење на кривични дела кои се гонат по приватна тужба (чл. 21, ст.1, ал.6-7 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до Врховниот суд на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Предлогот за повторување т.е обнова на постапката се поднесува секогаш до судот што ја донел одлуката во прв степен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За кривичните дела за кои се гони по предлог или по приватна тужба, предлогот или тужбата се поднесуваат во рок од три месеци од денот кога лицето овластено за поднесување на предлогот или приватна тужба узнало за кривичното дело и за сторителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањето странката може да го поднесе во текот на постапувањата пред домашните судови, а најдоцна шест 43 месеца сметано од денот на правосилноста на одлуката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во предлогот особено мораат да се наведат: законскиот основ според кој се бара повторување, околностите од кои произлегува дека предлогот е поднесен во законскиот рок и доказите со кои се поткрепуваат наводите на предлагачот (чл. 395, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога оштетениот поднел кривична пријава или предлог за гонење, а во текот на постапката ќе се утврди дека станува збор за кривично дело за кое се гони по приватна тужба – пријавата, односно предлогот, ќе се смета како навремена приватна тужба ако е поднесена во рокот предвиден за приватна тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Почитувањето на овие принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата (чл. 6, ЗЈО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јавното обви- нителство е должно да ја информира јавноста за одделни случаи по кои постапува, особено ако се од таква природа што предиз- викуваат поширок општ интерес во јавноста или се од значење 260 за остварување на функцијата на јавното обвинителство заради заштита од криминални или други противзаконски дејствија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заштита на работничките права по откажување на договорот за вработување а) беше извршено дополнување на чл. 91, кој ја регулира постапката по приговор против одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или за отстранување од кај работодавачот, со која се утврди дека работникот има право на приговор (без суспензивно дејство), против ваквата одлука за отказ или отстранување, кој се поднесува во рок од 8 дена од денот на нејзиниот прием.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Нека помисли, си реков, дека го одбивам овој негов подарок бидејќи сметам дека ми го поднесува во обвивката на недоветноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето плата во Р. Македонија во дадениот период (чл. 3); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)