поздрави (гл.) - двајца (бр.)

— Бујрум — бег, си ме викал? — проговори како со туѓа уста.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој ги поздрави двајцата со весело „ здраво, здраво“ и седна на нивната маса, испуштајќи интензивна смрдеа на пот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш почна постојано да го бара по телефон, во почетокот на секои два или три часа, од шест наутро до доцна во ноќта, а потоа секојпат кога телефонот му беше при рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги поздрави двајцата како стари пријатели, а начинот на кој ја бакна Марија и начинот на кој таа му возврати го стресе Сатурн, и тогаш тој се посомнева дека тие можеби тајно се состануваат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)