познае (гл.) - јас (зам.)

Било што било, познавам јас него, не толку лош дете, тој токо го ватил некој умот, та побегнал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Те познавам јас тебе, Сталко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ќе издржите вие, знам, ве познавам јас добро, сте влечеле и потежок товар. - нежно со шепот разговараше со својте коњи, мислиш комуницира со нив без никаква мака, а тие пак послушно го следеа неговиот говор, постапувајки според неговите мирни наредби знаејќи дека само така е можно да се успее во намерата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Си го познавам јас својот дедо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го познавам јас добро брат ми, не е тој таков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никого таа не послушува, неа ни казни не ја вразумуваат, сè си тера по свое, тивко, мирно, ама пак по свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разбира дека ме прекори, ме искара што сум била толку невнимателна и толку непромислена да отидам во третиот дел од паркот, и тоа доцна попладне, ми се закани дека своерачно ќе ми ја скрши главата ако тоа уште еднаш ми се повтори и ме посоветува, онака братски, малку да ја видоизменам приказната попладне, кога на состанокот ќе им ја раскажувам на нашите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го познавам јас него, и тој, исто како и јас, обожава необични и опасни случки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е можно, се противев јас, ти ништо не знаеш, лекарите не знаат, јас знам, таа ми е другарка, ја познавам јас нејзе, нема да ѝ се допаѓа долго да спие, ќе ѝ се смачи, ќе видиш, ќе се побуни и ќе стане.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Лажеш, лажеш – врескаше тој и ми се закануваше со рака. – Ти ми имаш пребарувано, те познавам јас тебе добро!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си реков – Ве познавам јас вас, жените.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Вие не го познавате како што го познавам јас – не попушташе Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Тој е истовремено и чудесен, и невозможен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги познавам јас тројцата од нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ти си Анѓо што побегна од мене, што те грабнаа или ме лажат очите! Ти си, ти си! Познавам јас колку за толку – и пак избувна да се смее.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)