познае (гл.) - човек (имн.)

Дигнав поглед и... што да видам... Го познав човекот. Нашинец, ама албански полковник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога ставаше нужда, за час се наоѓаа на друга планина, и прескакнувајќи ги длабоките долишта и урвини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мишел пишува: „Сите жандарми во еден глас ме прашаа дали го познавам човек, и кога им одговорив дека не го познавам, го измасакрираа тука, во мојот стан, во присуство на нашите фамилии коишто испопаѓаа во несвест од страв.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Замислете ги крводарителите! Познавам човек што педесетина пати дал крв! Собрано вкупно, над дваесет литри крв!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)