познае (гл.) - по (предл.)

Мика е роден како син на Миша (познат по тоа што е познат белградски џезер, доколку џезерите во Белград воопшто можат да бидат познати) и Јована (позната како бивш стипендист на оној американски институт каде што ги чуваат остатоците од падот на НЛО во Розвел, Њу Мексико).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го позна по гласот. - Врне ли? - Да, господине генерале, роси.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го позна по куцањето, фигурата што ја виде се нишкаше пострана, со надесната страна клапкаше со одот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
— Знаев, вели Павле Катин, ве познав по одењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)