познае (гл.) - дека (сврз.)

Крчо се мршти и го кисели лицето. Изгледа позна дека јајцето од поповиот син е појако.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се огледа на малечкото огледалце и за големо чудо — не можеше да се познае дека е таа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Човекот, уште со изгледот се претставува како сериозен човек, впрочем го познавам дека е сериозен и со добра волја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По гласот Мече позна дека тој е или негов врсник или малку постар од него.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јаренцето можеби мислеше дека тоа зависи од него, и затоа, додека ја играа својата игра, тоа постојано гледаше кон него, но тој за сето време се обѕрнуваше околу себе, дали однекаде не се подал некаков знак, по кој ќе може да се познае дека можат да го прекинат тоа свое самозалажување. Сонуваа за тоа. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа, бистра битолска Еврејка почна толку добро да зборува и влашки, што никој не можеше да познае дека и самата не е Влаинка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Попот прочкрта со забите и ја заврте главата настрана да не го гледа не кадијата, ами новиот бег Јунуса, кого уште кога се предаде го позна дека е ланскиот калуѓер од света Богородица и толку го замрази, што не можеше да му го гледа суратот, па ништо не му одговори на кадијата. – Не зборуваш, а? – му се врекна кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Земјата ја изгазија така вешто што не можеше да се познае дека има здола скривница.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од што се уплаши мајката, си велам, дали си рече дека ќе го изгазам, или ме позна дека сум пијан, Бега преку нивјето, преку мртвицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)