покажува (гл.) - им (зам.)

Покажувајќи им го сето тоа на другарите, јас се надевав потајно дека ќе го побудам некого од нив, поголем, поснаодлив, поблизок до воспитачот, да се заинтересира за мојот случај и можеби да ми помогне.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ама, кутрото не знаеше на кого наиде - прекина Павле, покажувајќи им ги на другарите своите шепи слични на лопата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Видете, видете,! - викаше Коле покажувајќи им на другите. - Нема ништо! Летнаа!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Шефот на станичката одеше од купче до купче и со лопатчето ги разбудуваше луѓето, покажувајќи им дека ги чекаат вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги поведе право кон масата, го фати челното место, постоја малку да ги поподаде рацете покажувајќи им да седнат и си се смести.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
* На маслото истури му платно, импрегнирај го мозокот, обои го твоето сеќавање! На изложбата (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го виножитото во левиот џеб од панталоните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Арсо излегува од своето скривалиште, покажувајќи им го детето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)