покани (гл.) - да (сврз.)

Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија и еден ден и него го поканиле да ја наметне црната риза и да им стане „во Христа брат“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Евала, рече Мурад, направи благ наклон спрема Софронија и пак со рака го покани да седне на одреденото место на килимот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како и порано, пак Толе отиде кај Андона и овој го покани да преспие кај него, ама сега веќе начисто дека Толе е излезен од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Та тие не знаат за поарно" — си заклучи Толе и ги покани да ручаат од ладната леќа и 'ржаните коромани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но каде беше таа што го покани да дојде и која синоќа толку го трогна со исповедта за нејзиниот живот да не можеше да ѝ каже потоа зошто ја повика во својата ложа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одглумив радост дека го гледам и рамнодушно го поканив да влезе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Вели: „Гледам Обама му подал рака на Меккејн и го поканил да соработуваат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Полжавката и малото полжавче радосно се прегрнуваа. Ѝ се заблагодарија на добрата желка и ја поканија да им биде гостинка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„Не чини, си велам, да е човек и пречестит и прескромен”, и со таа мисла станувам да ја спасам ситуацијата која од пресраменост влегла во ќорсокак, кога гледам - имам што да видам: тие се држат за раце, гувеат и немаат сила да си погледнат ни в очи, а камо ли да се поканат да танцуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ај сега сестро, да си ми жива и здрава и да славиме многу пуримски славја”, ја кревам чашата со лимонада.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- А една воденица - ништо. И дете од колепка ќе ти ја урне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Навистина, ние испративме човек од Кукулино да ви го каже тоа, со благородна надеж на разжабените усни рекол Каменчо Скитник; не можело да се разбере зошто никој не го поканува да ја земе гајдата и да им ги донесе сите птици на дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со широк замав на рацете нѐ покани да влеземе в куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веројатно алудира на нејасниот крај на двајцата првоборци, помислив, но коментарот го задржав за себе си иако сфатив дека ме беше поканила да играме само за да ми го каже она што изгледа не смееше пред Раде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога запреа пред една грнчарница, грнчарот ги покани да влезат внатре.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но нивното тресење како да не беше само од студот, туку и од некој неопределен страв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)