покрене (гл.) - постапка (имн.)

Уште една позитивна промена е тоа што сега страните имаат можност да покренат постапка за мирно решавање на индивидуален спор и кога не е исплатена плата (чл. 2 од ЗИДЗМРРС/14), како поповолно решение од претходното кое нормираше дека ваквиот спор може да се поведе само при неисплата на најниска плата, а се допрецизираше и потребата од заедничка согласност на страните во спорот за решавање на индивидуален спор пред арбитер (чл. 28 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Народниот правобранител 80 може да покрене постапка и по сопствена иницијатива, доколку оцени дека на граѓаните им се повредени утврдените уставни и законски права (чл. 13, ЗНП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секое лице може да поднесе претставка до Народниот правобранител кога ќе оцени дека му се повредени уставните и законските права или кога се повредени начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)