покрива (гл.) - лице (имн.)

Го собира гласот во устата, ко вода во дулец го собира и нѐ прска, мораш да си го покриваш лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
НЕДА: (Го покрива лицето и ја забива својата глава во неговата прегратка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Остра брада му го покриваше лицето, давајќи му изглед на разбојник, што воопшто не ѝ прилегаше на неговата голема, несмасна конструкција и нервозни движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЈАКОВ: (Удира во спротивниот ѕид. Го покрива лицето со раце. Пауза. Го открива лицето. Се насмевнува.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сега со една дланка си го покриваш лицето, вели, после со двете не ќе можеш да си го измиеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Снегулките што му го покриваа лицето не се топеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)