полни (гл.) - глава (имн.)

- Нема врска Снеже – реков – јас навистина се плашам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немој ти мене убиства! Пак онаа Снеже ти ја полнела главата, признај! Така ли е или не!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решив сѐ да ѝ раскажам на мајка ми. Таа може да ме разбере.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бескрајна низа прашања, мисли, дилеми и тајни ми ја полнеа главата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие ти ја полнат главата со тоа со години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А пак во исто време ни ја полнеа главата со идиотски совети од типот- учи сине за да не работиш.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не се ни мачеше да им ги полни главите на сите други, но за себе си тој продолжуваше да знае дека тоа е само еден од начините на она старче да се провлече, да мине крај сѐ и меѓу сѐ, без притоа да остави нешто само свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чувствував дека таената лутина се распламнува полека во мене и ми ја полни главата со крв.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ние умиравме за една друга љубов, за еден друг збор, толку денови, ноќи, векови го баравме тој извор, а ваму со брливи работи ни ги полнеа главите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да не им ги полниме главите на децата со овие настани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)