положи (гл.) - последен (прид.)

Сѐ додека оној ден, кога сосема во невреме, младичот сета утрина остана во дуќанчето, иако утредента требаше да го положи последниот испит; остануваше така шетајќи се нервозно од едниот до другиот ѕид, а не велејќи за тоа ништо, сè до тој ден, кога сосема во невреме не почнаа од вратата на тутунската фабрика да наизлегуваат разјарените луѓе во сини комбинезони, прво една сосема мала збиена група, а по нив една цела река, дофрлајќи по нешто гласно преку рамената, сите со онаа разјареност во погледите како еден човек, како еден разлутен човек, кој треснал од земјата сè, кој повеќе не може да поднесе нешто да се продолжи да се прави со него, кој се свестил дека е ограбен, и кој што има тука да го каже и својот збор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)