помине (гл.) - двајца (бр.)

Тие се преоблечени турски шпиони - заптии. Смрт или слобода!“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го прочитаа писмото. Во него учителот Кралев пишуваше: „Брате Даме, тука поминаа двајца луѓе, преоблечени во комитска облека.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пред полноќ покрај него поминаа двајца со автомати и по кусо време се слушна шлапање на коњски копита.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Крај нив поминаа двајца врзани млади луѓе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)