помине (гл.) - три (бр.)

Зарем требаше да ја дотера до болница и да помине три години во неа, па Хелвиг да ѝ го напише тоа писмо од пет реда?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Поминаа три црни седници. Колку и да штедев пак останав без еден франк в џеб.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поминаа три години откако пропадна пекарата на добродушниот старец А.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Од поаѓањето до враќањето поминале три години, три месеци и три дни“, велеше Моне Хенџо со чудно спокојство во гласот, со занес во очите, со чуден сјај на лицето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А, знаеме дека ти како игумен имаш право да си населиш некого било од каде и да е, било од Грција, или од Србија, било да бил слободен или од некој починат господар, ако поминале три години.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во таа разоденост и во тој сѐ поблизок и сѐ посрдечен разговор со својот побратим напред тој и не забележа кога ги помина трите огромни долини, што ги знаеше и како се префрлува постојано од една во друга шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И не поминаа три или четири месеци, беше зима со многу снег и цикна, ете ти го Иљо наш.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)