помине (гл.) - шест (бр.)

Во тоа време Европа, ако знае дека се поминати шест или седум години откако Американецот Јозеф Хенри ги создал електромагнетите со голема сила (електричен мотор!), не знае дека во еден дел на Македонија мажите се впрегнуваат во рала и во двоколки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога поминаа шест недели, бидејќи веќе никој не верувашр дека Иле е меѓу живите, решија в црква да му дадат шест недели без поп.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Можеше да помине шест часови во скривалиштето и уште девет часови во сопствениот кревет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По една година од париското издание на Мицкиевичевиот Пан Тадеуш и од Сонетниот венец на Словенецот Прешерн, Неофит Рилски ја создава првата бугарска граматика и ја објавува Јаков Грим својата Германска митологија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дочека да поминат шест недели од смртта на мажот ѝ, си ја зеде ластегарката и, чукара — пукара, дури во Рожден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)