помине (гл.) - некој (зам.)

Но тоа не беше вистинско непријателство; беше повеќе претпазливост, моментално вкочанување, како кога поминува некое непознато животно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да претпоставиме дека програмот кој се извршува на компјутерот поминал некоја верзија од Turing-овиот тест (можеби кинеска конверзација) и според тоа, можеме да тврдиме, дека тој мора да добие некој когнитивен статус во име на емпириската чесност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поминало некое време, недела ли, две ли, и врвел чичко Данчо, така се вика син му на дедо Иван, низ еден дол, и нешто тешко му смрдело, разбираш, не се дишело...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А пак приказните на Огнена Гулева, дека низ моите одаи прошетале многумина... ме потсетуваат на снегот: напаѓал напаѓал а по него безброј траги, но само до утрината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Требаше да помине некое време за да разберам дека за него туѓиот живот не е поголем од она што му е потребно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Требало да поминат некоја река, сламката, опинокот и меурот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Требаше да помине некоја минута за да ја сфатам причината за ваквото негово однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Помина некое време. Настанот со праската го заборавивме. Или мене така ми се чинеше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ама поминала некоја кола и со колцата ја пресекла лепешката надве, па поминала друга кола и пак ја пресекла лепшката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И лазиш ко ѕвиждалник по земјата, а на земјата мислиш дека поминала некоја речна матица и дека се покутнала, раскорнала, раскопачила и залејала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)