помине (гл.) - таа (зам.)

Притоа имам причини и да ви се доверам дека и покрај многуте недоразбирања низ кои поминав таа ноќ (како што реков веќе) денот го пречекав сосема спокоен и се однесував како да не се случило ништо необично.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Их, кога ќе помине таа недела!“ — со длабока воздишка се раздели Проќа од Толета, во кого беше силно вљубена.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги затворија врзаните во Катил-хане, а сејмените ја поминаа таа ноќ во празните кулуши.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Раскажуваше дека неколкупати ја поминал таа далечина на својата кобила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не ослободувајќи ми место да поминам таа ме прекори со бронзен глас: - Ти кај стариот ајдук ли одиш?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)