помине (гл.) - живот (имн.)

Долго по него, тука наоколу, се расфрлаа неговите коски, но и нив земјата, невремето, ѕверовите и последната Голема војна сосема ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тука е од старо време; поминал живот со неколку генерации, бил сведок на сѐ што се случувало во семејството: регистрирал многу раѓања и многу умирања.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се раскажува и тоа дека тука, покрај кладенецот, некогаш одамна, во земуница, молејќи го поминал животот некој грешник (очајник, покајаник - или што ли бил) од Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што одбра човек оддалеку со кој ќе го помине животот?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Покрај нас си помина животот, вели, без нас си отиде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си го поминав животот како што сакав... Ѝ дадов на душицата сè што бараше, зашто знаев дека е гостинка во мене - еден ден ќе ме напушти...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)