помине (гл.) - мисла (имн.)

Кој ден е денес, ѝ поминува мисла низ главата, а таа се обидува да ја потисне, тонејќи со погледот во сè подлабокото вечерно небо на кое неосетно почнуваат да се палат светилките од вечерниот полилеј.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Низ умот дури му помина мислата дека таа е можеби агент на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како секавица ми поминува мисла Дојдени се!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)