помине (гл.) - ред (имн.)

А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го стори тоа исто онака, како што го правеа сите други соселани, просто да помине редот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или, можеби, и Б.С. бил еден од избраниците на Јана, а потоа му поминал редот? Навистина многу прашања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рена беше најстарата од четирите деца, сите ќерки веќе стасани на возраст за мажење, па се очекуваше токму таа прва да се мажи, од една страна за да им го отвори патот на другите, од другата да не ѝ помине редот и да остане немажена.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ебати беља, си велам јас, сѐ наеднаш сака човеков, А го гледам калпазан, ми бара, ама не притиска, туку како колку да помине редот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)