помине (гл.) - на (предл.)

Шефот го виде тоа и го прекина својот потчинет: – Во ова семејство добро ги знаат законите. Помини на прашањата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во главата на Исак, за момент исчезна гласот кој до пред малку го повторуваше она утринско необично заканувачко претскажување, кое можеби не значеше ништо, а со сигурност знаеше дека не е последица на алкохолизирана вечер, бидејќи претходната ноќ ја помина на работното место средувајќи ги документите расфрлени по канцелариските бироа...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ја поздравивме сите во еден глас, кога наближивме и мама ни рече - Добровечер - и нѐ праша како сме поминале на роденденот кај Драган.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Легни бре, ќерата и симни шалварите да не замавам по очи, по глава! — беа зборовите на гавазот и заптиите кога требаше „да си поминат на редот“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прво зборуваа воздржано за премиерата, небаре од гледиште на гледалиштето; потоа поминаа на пофалби за работата на режисерот како негово дебѝ, па на комплименти и признанија за улогите на колегите во одделните сцени, за на крај да завршат со бесрамно откриени самопофалби што кулминираа повеќе со дерење одошто со пеење, поправо со разногласје колку грло ги држи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Луцијо“, реков, „што бараш ти тука?“ Луција ме пресече и рече: „Јан Лудвик, оставете ги формалностите. Седнете и да поминеме на главното.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури, еднаш, на коридорот, еден мој другар ме прашуваше како сме си поминале на тренингот и дали навистина можам пет минути да возам на едно тркало; Луција стоеше само на метар од нас, сама, замислена, и гледаше низ прозорецот; надвор врнеше, таа гледаше во дождот, а долгата, црна коса, собрана во опашка ѝ паѓаше по грбот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, на оној час, откако сите ние, момчињата, поминавме на ред на разбојот, Фискултурецот даде заповед да се смениме: сега ние требаше да играме кошарка, а девојчињата да поминат на разбојот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Многупати бевме пишувани во тефтери и нас не само што не имаа забележано со име и презиме и место на раѓање, туку и со број на дадени овци и кози, коњи, телиња, волови, крави, кокошки, покривачи, веленциња, чорапи, фанели, столови, лажици, ножеви и виљушки, денови поминати на копање ровови и градење бункери, носење камења и трупци на врв планина, пренесени ранети, одземени чеда големи и мали, загинати и ранети, живи и сакати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Како помина на училиште, - ме праша тој по обичајот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сите надежи кај Македонците поминаа на недоносчето – Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега да поминеме на другото прашање: од каде новото течење ќе зема сила ако македонската интелигенција и комитетите во Бугарија зафатат борба со него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Помини на мостот од љубовта неродена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го молиш Бога да заврне, да направиш пауза и да седнеш во „Посластичарница“, каде што првпат јадев кремпита, или во ресторан, каде предјадењата беа доволни да се најадеш без да поминеш на главното јадење, а чинеа колку ѓеврек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дојдоа и други џандари. Кај да поминеш на џандар ќе се наспичиш, на трн магарешки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Вели дека жолтицата на покојниот Неделко Шијак поминала на него.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го, и Цуцул Мицковски поаѓа по нив“, рече Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во младоста пиев само виски. Како и вие сега. На здравје!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот, откако испи од вискито и млекото, со одмерен тон продолжи, помина на главното на вообичената средба: Вие, амбасадоре, имавте успешна мисија во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неочекувано тој му се обрати на Татко на француски јазик: Il temps, mon vieux, de passer dans le vif du sujet! (Време е, стар мој, да поминеме на суштината на дебатата!) Но остануваат уште многу прашања да се расчитаат, преде да стапиме dans le vif du sujet!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Телекранот беше поминал на нападна воена музика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чорбаџи Чолакот сам се понуди да ми помине на редот и да донесе еден нечукан брав, еден звизјак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, од таа недела Нешка Илкова стана поќерчена кај стрика си Трајка и под негова заштита, но затоа пак и Трајко помина на „измет" кај Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако професорката ги поздрави родителите и учениците, првин се задржа на општиот успех и на поведението на сите ученици од нејзиниот клас, пред да помине на индивидуалниот успех на учениците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ноќта ја помина на некој висок рид. Ја бркаше месечината, што од непознати причини се беше спуштила речиси на дофат, но при секој негов обид да ѝ се приближи таа отстапуваше токму онолку колку што тој мислеше дека ѝ се приближил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тетка ми веднаш ја прочита мојата реакција и ме одведе на горниот кат на куќата, каде што, ми објасни, ќе биде "мојата" соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Значи, кај нас кога ќе дојде? - тетка ми Олга не ни помислуваше дека би можел да поминам во радиус од 400 километри од нивното гратче, а да не поминам на гости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А тагата се зголемуваше кога погледот ќе поминеше на бастунот, потпрен на миндерот до неговиот колк, бастун направен, знаеше синот на Тајко, од најубав див трендафил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)