помине (гл.) - доста (прил.)

Помина доста време, иако „доста“ е прилично неодреден збор во календарот на љубовта.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во тоа време во Зоолошката градина се направи таква бркотница, што помина доста време додека тргнаа со огромното специјално возило по слонот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Имаше тој поминато доста градови во својот живот, за да знае кој се завлекуваше некогаш со тие романи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чана шетка и липа, не може душа да собере, и поминува доста време додека својата голема снага ја седнува на сламарикот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)