помине (гл.) - заедно (прил.)

Ѝ заблескаа, како бисери во паметта, и сите денови и ноќи поминати заедно со Крстан и тоа ја занесуваше како сон по голем умор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оттогаш сите места што сме ги поминале заедно со Никифор, како да ми останаа маркирани во душава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човечката рамнодушност ми ги отвори очите, животот ме научи на простување, тлеечкиот жар од горко и очајно плачење кое доаѓаше од далечината ме научи на простувањето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Поминаа заедно само петнаесетина месеци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зимата ја поминаа заедно.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Она малечко време што го поминале заедно на салашот за време на раѓањето на Пеличка и она другото додека се вратија во Скопје, ги сплотило толку многу што ги направило роднини, од кумови и нема поблиски надвор од семејството.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Некогаш бев многу бесна на светот, носев вина, тегобност, но не можев да ти префрлам за мојот гнев и за она малку време што ни останува, а можевме да го поминеме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Откако помина зимата и сонцето ги измами надвор, се договорија и другата зима да ја поминат заедно, во истата пештера.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)