помине (гл.) - тука (прил.)

Да го поминат тука блатото не смееја, беше најполоноводно и најшироко, а да се вратат во Потковицата без главата Владимирова и без чупата Перуноска исто не смееја, зашто не сакаа да се изложат на нови подбивања на христијаните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во правот одвај се наѕираа двајца коњаници...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Многу практични потреби им разрешуваше на жителите на Потковицата, многу тајновити нешта, многу легенди, многу остатоци од цивилизациите и војните што поминале тука се заплатиле во неа па и ден-денеска се во жив натпревар со времето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Јас осумдесет години сум поминал тука, ни болест, ни глад, ни студ, ни гром не ме покосиле...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Скоро ловот ќе помине тука!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Поминав тука и ги видов овците испотепани...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поголемиот дел од времето во денот, почна да го поминува тука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)