помине (гл.) - уште (прил.)

VI. Кога почувствува дека почнал да му се кочи и вратот, сфати дека поминало уште време и дека се заборавил пишувајќи и размислувајќи седнат така во една поза, наведнат над папирусот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го обележив кругот со шилестото на казмата. При првото обележување, линијата заради тврдоста на земјата одвај се забележуваше, моравме да поминеме уште еднаш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откога ја угасија светлоста и си легнаа, Пискулиев и Миле поминаа уште некое време во разговор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше поминат уште еден ден без небо, во кој животот колку што може подлабоко се прибира под својата коруба и таму дреме, згуснувајќи го својот сок во соништата за она време, кога еднаш ќе може да развие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помина уште еден месец. Почна да доаѓа есента.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Помина уште еден час и да не заѕвонеше телефонот Ѕ ќе се загрижеше најмногу на цел свет!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)