помине (гл.) - додека (сврз.)

Многу време ќе треба да помине додека таа да биде во состојба да зборува за тоа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Животот поминува додека свеќата полека догорува, животот постанува дел од времето, а светлината еден миг од вечноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Душава ми е уморна, сенките црни ги бројам, сама почнувам да зборувам будна сум, а сонувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа значи дека вредноста не е во производот, туку скапоцен е патот кој се поминува додека да се дојде до него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)