помине (гл.) - и (чест.)

Ја поминаа и Црна, та го фатија орманот и накачија горе на Голем Врв, над Груништа, каде преденуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со растреперени прсти извади бело марамче, го избриша челото, помина и по проседата растресена коса што му се спушташе до вратот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој обичај да се вметнува хорот во разговорот на Возљубената и Возљубениот трае низ целата Песна над песните, и за мене е несфатлив, оти некаде она што го говори Хорот поминува и во дрскост, во мешање во интимата, во заповед што да се избере а што да се отфрли.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— Нема смрт кога помина и ова премреже, велам и им кажувам кај бев и со кого.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш се чувствуваше ослободен од нешто замрсено и погано и мислеше само на тој снег, гледаше само наврнати дрвја пред себе и откриваше голинки и пресеки, по кои знаеше дека тука некаде поминува и патот, повеќе со некој инстинкт во себе, отколку по нешто видливо бидејќи сè што беше видливо, немаше ништо заедничко со тоа како изгледаа тие места лете, кога ја немаше оваа белина, кога беше сува земја и кога беше зелено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Профим викаше, се будеше, ја будеше и жена си, која сѐ повеќе, кутрата, од страв и возбуда, паѓаше во несвест. Но поминаа и соништата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ГО - Еден ден М. Горки го видел Гогољ како игра шах со Ван Гог. „Знам една слична кинеска игра, ГО“, рекол Горки. „Се однесуваш ко горила, Горки!“, рекол Ван Гог. Тогаш случајно поминал и Гоја. „Си почнал да се гоиш, Гоја? Да не играш многу голф?!“, рекол зајадливиот Гогољ. „Ништо не е тоа во однос на Де Гол кој оди ’ор гол по мостот Голден Гејт!“, рекол Гоја. „Која година е ова?!“, прашал уште еден случаен минувач, филмскиот режисер Годар. „Ти годи да поставуваш вакви прашања?!“, му рекол зајадливиот Гогољ на Годар. „Ова е ко некоја готска приказна...“, промрморел во себе навредениот Горки. 42 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Поминаа и десет години од одведувањето на Анѓелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А Фоте, кој беше навикнат па и отрпнат на зајадливите забелешки од Маре, помина и преку оваа со тоа што ја премолче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И така кога помина и шестата недела, рековме да оди Иљо, кој беше малку пошетан, зашто на времето, пред големиот бој, одеше на печалба – жнеење во Тесалија, а есента, по орање и сеење, одеше во Тракија да прави ќумур.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, помина ден, поминаа и два, и работите како да почнаа да се менуваат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И уште да му каже секаде кај што ќе поминам, кај што поминал и тој, секаде плачам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)