поминува (гл.) - по (предл.)

Ги гледав дотераните парижанки како поминуват по улиците, бистроата полни со луѓе, Сена чинам ме поздрави со сета своја убавина, во далечината истото го стори и Ајфелова кула... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Секојдневно поминувам по неколку часа во градинава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прегрната, заобиколена со деца од двете страни, поминуваше по улицата и учителката Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нервен грч поминуваше по неговото лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сонцето излегува од еден облак зад него и, ко топла струја ми поминува по снагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе наближело времето за да го до донесат, сите жени се растурале по селото и тогаш го поминувале по пустите сокаци него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Те познавам и тебе. Кога поминував по оваа пруга, секогаш гледав кон твојот прозорец.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Добрина: посака на едно девојченце што свиткано од студ поминуваше по улицата, излитеното џемперче да се претвори во убаво, топло зимско палто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)