помислува (гл.) - тогаш (прил.)

И јас треба да си најдам куче, помислуваше тогаш Дончо, големо и лошо, па да видиме тогаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А дека било вистина тоа на што се помислуваа тогаш Христијаните на Потковицата, дека некои од нивните му го „пресретнале“ патот на Хаџи Ташку, се дозна многу подоцна, во времето кога се востанови егзархијата па грчките попови повеќе немаа смелост да се мешаат во работите на Потковицата. И пак оттаму, од тевтерот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А со малку техника, ќе се спасеа многу, многу животи. Но, кој помислуваше тогаш на луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)